Балкан
5. December 2019 - 12:12

Пожар во хотел во Атина

Пожар избувна пладнево во внатрешноста на хотел во Атина, веројатно на последните два ката, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, две лица кои биле на шестиот и седмиот кат биле евакуирани, а продолжува акцијата на пожарникарите, како за проверка на собите, така и за гаснење на пожарот.

Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека се ангажирани 35 пожарникари со 12 возила.