Пожар во гостиварско Врбјане - повредено малолетно девојче
Во пожар, кој попладнево избувнaл во стара куќа во долнореканското село Врбјани, целосно изгореле две плевни, една куќа и покриви на две соседни куќи, информираат од СВР Тетово. Во огненената стихија нема повредени, но причинета е значителна материјална штета.
Пожарот бил пријавен во полициското одделение Ростуше околу 16:30 часот, по што биле повикани противпожарни единици од Дебар и Гостивар.
- Огнот се појавил во стара куќа во Долно маало, сопственост на 81-годишната А.Б., која живеела сама. Огнот брзо се раширил и ја зафатил плевната, која се наоѓала во близина, а зафатил и дел од околните објекти. Пожарникарите успеале да го локализираат и да го изгаснат за помалку од два часа и да спречат поголеми штети, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Увидот ќе биде извршен утре, по што ќе се утврдува што го предизвикало опожарувањето во ова горнореканско село.
Во Врбјане ова е втор пожар. Претходно при пожар во куќа, едно малолетно девојче се здоби со изгореници, а нејзиниот татко, со труење од чад.
Ново на Сител
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?