Македонија
22. January 2019 - 10:33

Пожар во Битола, нема повредени

Вчера рано утрото околу 06.30 часот во Битола на улица „Коле Лачето“ настанал пожар во помошна просторија, сопственост на З.П. и И.П.

Од извршениот увид било утврдено дека од пожарот е оштетена печка на пелети со котел а целосно е изгорена и помошната просторија.

Од пожарот оштетена е уште една просторија.

Извршен е увид.