Македонија
15. April 2017 - 10:02

Пожар утринава во Аеродром

Во скопската населба Аеродром утринава станарите на улица „Методија Шаторов Шарло“ беа вознемирени од пожар. Зголеменото присуство на возила на Противпожарната бригада и полицијата и црниот чад ги натераа граѓаните да излезат од своите домовите, објави Република.

Брзата реакција на Противпожарната бригада спречи поголемо ширење на пожарот, која, како што не информираа настанал од аспиратор кој се запалил во кујната.

2

-Применивме стандардна процедура, на местото на пожарот има три возила и скала поради спречување на ширење на пожарот. Причината за пожарот е аспиратор кој се запалил во кујната и направена е минимална материјална штета, соопштија од противпожарната единица.

3

4

5