Пожар на оџак во Кавадарци, причина неправилно изведената градба
Секој ден по еден пожар на оџак во Кавадарци, веќе десетина дена, алармираше во изјава за МИА Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.
Последниот пожар бил синоќа околу 22 часот и настанал поради неправилно изведен оџак.
- Сите четири дрвени греди од кровот на куќата, беа завлезени во оџакот. Се чудиме како е можно воопшто да не се размислува за потенцијалната опасност од пожар во таков случај. Впрочем, во најголем дел од пожарите кои почнуваат кај оџаците, се токму поради невнимателната изведба на димните канали. Затоа апелираме до населението, да се внимава, во близина на оџаците да нема дрвени греди или регали и плакари, дециден е Богевски.
Според него, само навременото забележување на пожарот од страна на соседите, во неговата почетна фаза, било пресудно тој да не се прошири и да нема поголема штета.
Командирот на пожарникарите потсетува дека освен поради неправилна изведба, пожари се јавуваат и кај оџаци кои не се чистат редовно. Апелира на редовно чистење на димните канали како превентива. Нагласува дека и покрај навидум топлите временски услови, неопходна е внимателност, бидејќи пожарите демнат. Додава дека за сите нејаснотии, секој може слободно да се обрати и побара помош и совет во нивната противпожарна единица или на бројот 193 кој е бесплатен.
Ново на Сител
-
Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј.
-
Тајвански власти: 33 кинески воени авиони и осум бродови забележани недалеку од островот
-
Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не може да ја прекине војната
-
Во Берово измерени нула степени, најтопло во Демир Капија, Охрид, Претор и Гевгелија
-
Гаши во Гостивар во посета на канцелариите за контакти со пратениците
-
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ
-
Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на советот на Град Скопје
-
Примопредавање на должност меѓу досегашниот и новиот претседател на Советот на ЕУ