Повторно запалени возила во Атина во текот на ноќта
Во неколку одвоени случаи, во различни населби во Атина, непознати лица во текот на ноќта запалиле осум паркирани возила, а подметнале пожар и на банкомат, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентите, според грчката новинска агенција АНА-МПА се случиле во периодот по полноќ до 5.30 часот утрово.
Во еден од случаите, возилото изгорело комплетно и зафатило други два паркирани автомобили на кои била нанесена материјална штета. Во друг случај повторно било запалено возило, во друга атинска населба.
Пожар бил подметнат и на четири возила во сопственост на компанија за телекомуникации, а неколку часа подоцна, огнени јазици зафатиле два паркирани камиони.
Околу 3 часот по полноќ, пожар бил подметнат и на еден банкомат.
Ова е втора ноќ по ред, со идентични инциденти во грчката престолнина со опожарување возила и банкомати.
Ново на Сител
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија