Македонија
14. јуни 2020 - 17:29

Повторно високи бројки на новозаболени од КОВИД-19 во земјава - 162 нови случаи и 9 починати

162-ца новозаразени и 9 починати од Ковид-19 изминатите 24 часа во Македонија. Продолжува трендот на високи бројки на инфицирани и смртни случаи. Од направени 778 тестирања, кај 20,9 проценти бил утврден вирусот. Најмногу има во Скопје 92, Тетово  -32, Ресен -14.

Починатите се на возраст од 58 до 81 година.

Денеска земјава ја надмина бројката од 4000 заразени. Во моментот има 2159 активни случаи, оздравени се 1710, а починаа 188 лица.

Во моментот на болничко лекување се 278 граѓани, само вчера на Инфективна и во ГОБ 8 септември биле примени 19 нови пациенти.

По информацијата дека двајца келнери во бифето на МВР се позитивни на вирусот на вработените вклучувајки го и раководството во министерството ќе им се прави епидемиолошка анкета за да се утврди со кого се имале непосреден контакт и кој треба да биде тестиран.

Во меѓувреме инспектори од ДСЗИ се соочуваат со проблеми на терен кога треба да достават решенија на лица за изолација или домашно лекување бидејќи дел од нив давале лажни лични податоци и адреса каде ќе престојуваат.

-На терен се соочуваме со проблеми, кога ќе отворат врата на нашите инспектори да кажат не сум јас тој, изјави д-р Ирина Сортирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Од друга страна анализата на ДСЗИ покажала дека последниот период голем дел од совесните граѓани кои имале решенија за самоизолација станувале позитивни на вирусот.

-Што значи тие веќе биле изолирани, се разбира доколку ги почитуваат решенијата, ние повторно им доставуваме решенија овој пат како лица на домашно лекување и продолжуваат да течат нови 14 дена се до двата последователни негативни тестови, додаде д-р Сотирова Бухова.

Инаку според вчерашните податоци Македонија со 196-те случаи се најде на врвот во Европа со најмногу новозаразени на милион жители за едно деноноќие.

Ако се соберат податоците од министсертсвото за здравство од понеделник до денеска , за една седмица во Македонија има 1036 новозараезни и 32 –ца починати.