Повторно протести во Црна Гора поради Законот за слобода на вероисповед
Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани синоќа протестираа во повеќе црногорски градови против Законот за слобода на вероисповед.
Митрополитот црногорски приморски Амфилохие ја предводеше литијата во Тиват и повторно побара повлекување на Законот.
– Нека падне овој закон за безаконие или нека падне владата што го донесе, истакна Амфилохие.
Литии во знак на протест поради Законот беше одржана и во Подгорица, Пљевла, Никшиќ, Жабљак, Бар, Плужина, Беране и Бело Поле.
Законот за слобода на вероисповед беше усвоен на крајот на минатата година. По изгласувањето на Законот во Парламентот избија немири, при што беа уапсени 18 членови на просрпскиот опозициски сојуз, а против тројца се покрената кривични пријави. Оттогаш илјадници луѓе протестираат, како во Црна Гора, така и во Србија и Република Српска.
Најспорна одредба во законот се однесува на проверка на легитимноста на сопственоста на верски објекти. Законот предвидува дека верските објекти и земјиштето изградени или стекнати од јавните приходи на државата или во сопственост на државата до 1 декември 1918 година, ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици.
Со тоа црквите во Црна Гора мора да пружат доказ за сопственост над зградите и земјиштето кое го поседувале пред 1918 година, а во спротивно им се заканува експропријација. На СПЦ ќе и биде тешко да дадат докази за сопственоста на голем број стари имоти, бидејќи модерните катастри во регионот воглавно се воведени по 1918 година.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ