Македонија
6. July 2017 - 9:20

Повторно немирна ноќ за охриѓани - ги разбудија земјотреси

И во текот на изминатата ноќ охриѓани немаа мир од земјотресите. Иако се проретчија, сепак ги има, а тлото никако да се смири.

Последен потрес е регистриран пред три часа, со јачина од 2,6 степени по Рихтер, со епицентар во Охрид, а на лабочина од 2 километри.

Во текот на вечерта имаше потрес и од 2,9 степени по Рихтер, со епицентар на 6 километри од Охрид, на длабочина од 0 километри.

Се надеваме потресите кои веќе 19 ден го тресат Охрид конечно ќе запрат.