Македонија
23. јуни 2016 - 17:18

Повторно ќе се гласа за избор на член во Советот на јавни обвинители

Изборната Комисија при Советот на јавните обвинители на Република Македонија денеска спроведе гласање за избор на еден член во Советот при што не избра ниту еден од двата кандидата.
 
Како што соопштуваат при гласањето двата кандидата Фиданка Рајевска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје и Елизабета Павловска јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје добиле подеднаков број гласов, односно по 35.
 

Во соопштението појаснуваат дека согласно одредбите од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија во рок од 7 дена ќе има повторно гласање на  за двата кандидата.