Македонија
13. October 2015 - 8:18

Повторно дожд - Погледнете какво време не очекува неделава

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец . Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Утре ќе преовладува претежно стабилно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 15 до 20 степени.

Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе бележи благ пораст.