Македонија
17. May 2019 - 15:25

Повредено едно лице кај Кавадарци

Несреќа кај Дреново, автомобил излета од патот, има повредени. Според информациите на полицијата, вчера околу 09.30 часот на локалниот пат за село Дреново, кавадаречко, патничко возило „Шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П.(56) од с.Дреново, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.П. кој бил пренесен во болницата во Кавадарци, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.