Македонија
11. јуни 2021 - 11:33

Повредени две млади лица во сообраќајна незгода во Скопје

Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучка „Дијамант“, мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од с.Тромеѓа, кумановско, соопштија од МВР.

Во незгодата пешакот и мотоциклистот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.