-->
-->
Повредени двајца на мотоцикл во сообраќајна незгода со трактор во Битола
-->
Вчера попладне (05.05.2020) во 16.32 часот било пријавено дека во Битола кај с.Средно Егри се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „солис“, со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(38) од с.Средно Ерги, битолско, и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(21) од с.Могила, битолско.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од мотоциклот, Д.С.(28) од с.Средно Ерги, битолско, се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација