Македонија
27. February 2021 - 16:44

Повредени 11 полицајци, приведени 8 насилници за вчерашниот протест за „Монструм“

11 повредени полицајци е билансот од вчерашниот протест за Монструм. Лекарите констатирале полесни повреди и полицајците се пуштени на домашно лекување. 8 демонстранти биле приведени во полициска станица и ќе одговараат за учество во толпа што ќе предизвика кривично дело. 

Од Алијанса на албанците обвинуваат дека полицијата противуставно го попречила протестот. Од партијата велат дека полицијата била таа која фрлала камења за да ја испровоцира толпата. Бараат ослободување на приведените лица. 

ВМРО-ДПМНЕ вината за вчерашните настани ја гледа кај премиерот кој како што велат се поиграл со чувствата на граѓаните за случајот Монструм. 

Од МВР велат дека се уште се работи на идентифукување и на други учесници во насилствата. На протестот се фрлаа камења, бекатон плочки, дрва и шок бомби. Полициските кордони не дозволија демонстрантите да одат по планираната рута, кон Судот, Собрание и Влада по што демонстрантте се обидоа да го пробијат фрлајќи предмети кон полицијата.