Македонија
15. February 2019 - 11:49

Повредена жена во Скопје: 23- годишен возач со автомобил удрил во нејзе

Скопјанка се здоби со тешки повреди откако вчера во 13.00 часот беше прегазена на улица „Индира Ганди“ во Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(23) од Скопје удрило во пешакот С.Д.(57) од Скопје.

С.Д. се здобила со тешки телесни повреди и со истото возило била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.