Македонија
23. April 2017 - 12:09

Повреден пешак во сообраќајка во Тетово

Момче на возраст од 17 години од гостиварското село Ѓурѓевиште се здобило со скршеница на клучната коска откако минатата ноќ врз него додека одел пешки налетало и го удрило возило „Смарт“ управувано од С.Ш.(22) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Сообраќајната несреќа се случила минатата ноќ десеттина минути по полноќ на булеварот „Илинденска во Тетово“. Повредениот пешак со друго возило веднаш бил префрлен во Тетовската клиничка болница каде било утврдено дека има скршеница на клучната коска и по укажаната лекарска помош тој бил задржан за натамошно лекување.

Во несреќата „Смартот“ удрил и во пракиран „Опел Вектра“, сопственост на М.Ј. (32) од Тетово.

Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за сообраќајкта е пребрзо возење, а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари.