Свет
21. March 2020 - 8:13

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата

На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Одлуката е донесена откако припадниците на најчувствителната популација не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето поради сопствена заштита од епидемијата со новиот коронавирус.

Швајцарските власти соопштија дека повозрасните лица не се придржувале до превентивната мерка против Ковид-19.

Во Швајцарија регистирани се 4.222 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 43 починале.