Бизнис
31. October 2015 - 17:18

Поволните цени и услови го зголемија интересот за саемот Купи куќа – Купи стан

Поволните цени и  услови за стекнување на сопствен дом го зголемија интересот за саемот купи куѓа купи стан. Граѓаните кои дојдоа да се информираат за поволностите, велат дека понудите на недвижностите на пазарот се добри. Заштедите се големи, но проблем имаат да најдат стан на локацијата која им одговара.

Интересот е поголем за отплата на рата отколку за половина учество, а најбарани се становите до 50 квадратни метри.

Додека трае саемот некои од фирмите одлучија да дадат и специјални попусти за купување на стан  и тоа до 200 евра по квадрат. Според Ставревски ова е одличен момент да се стекне сопствен дом.

Досега проектот им помогна на близу  700 семејства да го решат станбеното прашање.