Повик од Европските Зелени за почеток на преговорите со Македонија
Европратеничката од групата на Зелените во Европскиот парламент, Тинеке Стрик, ја искористи дебатата со португалскиот премиер да побара да се изврши притисок врз Бугарија за повлекување на ветото за преговори со Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
На денешната пленарна дебата на Европскиот Парламент со португалскиот премиер, Антонио Коста, целосно изостана темата за проширувањето и преговорите со Македонија и Албанија.
Португалија претседава со ЕУ од први јануари до 30 јуни оваа година. Премиерот Коста утрово ги изложи приоритетите на неговата земја за следните шест месеци, но не го спомена проширувањето.
Пратеничката Тинеке Стрик меѓутоа побара експресно од Коста да изврши притисок врз Бугарија.
-Наметнавме услови кои Македонија направи сѐ за да ги исполни сите, но една земја блокира, итно барам од вас да извршите притисок врз Бугарија да го повлече ветото и да се врати кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, изјави Стрик.
Ново на Сител
-
Србија и Бугарија ќе имаат оперативна гасна интерконекција до мај 2022 година
-
Јанша ја повика ЕК да ја утврди вистинската состојба во Словенија
-
Кумановец веќе единаесет дена е исчезнат
-
Изменет сообраќаен режим на повеќе автобуски линии во Скопје
-
Мисајловски: 80.000 потписи за една недела е навистина добар ветер во грб, да ставиме крај на политичкиот попис кој што го наметнува власта
-
На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 675 пациенти со Ковид-19
-
Во тек исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците
-
Заев по пресудата за „Таргет-Тврдина“: Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата