Македонија
26. April 2016 - 12:44

Повеќе скопски населби утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Зелениково, Сарај, Ѓорче Петров и Бутел.

Како што информираат од РЦУК Скопје без струја од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат потрошувачите од селата  Орашани, Зелениково, викенд населбата Јане Сандански, Ново Село, Кадина Река, Таор, Градовци, Гумалево, Тисовица, Добрино, Дејковци, Пакошево, Смесница и Страхојдица во општина Зелениково.

Во време од 09:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите од с.Долно Свиларе и с. Горно Свиларе, а од 09:00 до 11:00 часот дел од с. Грчец во општина Сарај, од 12:00 до 15:00 часот  дел од ул. 102, ул.35 и ул. 37  во Волково, општина Ѓорче Петров, а од 12:00 до 15:00 часот дел од ул.Душко Поповиќ, бр.35, 37, 39, 41 во општина Бутел.