Македонија
31. August 2020 - 8:40

Повеќе оздравени од заразени со КОВИД-19, активни 2 668 случаи

 Намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше 39 нови случаи од направени 817 тестирања.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека вчера биле регистрирани 39 оздравени пациенти од корона вирусот, односно бројот на оздравени е поголем од тој на новозаразените, а починаа уште четворица пациенти.

Од новите случаи позитивни на коронавирус најголем број се во Гостивар, 11, по што следат Прилеп со осум, Скопје со седум, Куманово со три, Гевгелија и Кочани по два, како и по еден во Кратово и Свети Николе. Од оздравените пациенти најголемит број се во Штип – 46, Скопје и Гостивар со по шест оздравени пациенти, па следи Кичево со 4, Тетово со 3, Виница 2, и по еден оздравен пациент во Струга, Битола, Гевгелија, Кочани и Пробиштип.

Во болничките капацитети моментно се хоспитализрани 139 пациенти.

На Инфективната клиника биле примени нови седум пациенти. Таму  вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле, пак, се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест  позитивни деца, три  мајки и три деца суспектни на вирусот.

Примени се двајца пациенти и во ГОБ „8 Септември“, каде вкупно се хоспитализирани 38 пациенти, од кои еден е на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 14 330,  бројката на оздравени пациенти е 11 062, а на починати е 600. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 668.