-->
-->
Повеќе општествено-одговорни компании донираат маски и други производи за Општина Куманово и за Болницата
-->
Повеќе општествено-одговорни компании донираа маски за Општина Куманово и за Болницата, информираа од локалната власт и од Јавната здравствена установа. Градоначалникот Максим Димитриевски објави дека комапнија изработила 500 заштитни маски кои ќе бидат распределни на здравствените работници, на припадниците на МВР и на тимовите кои вршат дезинфекција.
–Сакам јавно да се заблагодарам на фирмата ТИ-ДИ ФЕШН Куманово и Занаетчиската комора на Македонија за донацијата во заштитни маски. Оваа донација ќе биде користена за заштита на тимовите за дезинфекција, припадниците на МВР и здравствените работници од нашите здравствени установи кои работат на територија на општината, објави Димитриевски.
Од Кумановската болница, информираа дека денеска од општината добиле 200 заштитни маски, а се заблагодарија на поголем број компании од градот „Маркони“, „Контеса“, „Инвента“ за донираните маски, како и неколку компании кои им помагаат на здравствените работници. Претходно и кумановските аптеки „Бела Дона“ „Камелија Фарм“ донираа безконтактни топломери, „Кајсер фарм“ донираа 120 топломери, а здружението – Ineer Wheel Club донираше 40 маски со филтер за инфективниот оддел и средство за дезинфекција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк