-->
-->
Повеќе од 600 луѓе во Нигерија починале од дифтерија
-->
Повеќе од 600 луѓе, претежно деца, починале од дифтерија во Нигерија од почетокот на епидемијата во декември 2022 година.
Со 14.000 регистрирани случаи, оваа епидемија е далеку потешка од претходната во 2011 година, кога беа пријавени 98 случаи, пишува Би-Би-Си.
Федералната држава Кано на северот на Нигерија е епицентарот, каде што се регистрирани повеќе од 500 смртни случаи, но неодамна има пад на бројот на активни случаи.
Дифтерија е многу заразна бактериска болест која ги погодува носот и грлото. Може да предизвика и чиреви на кожата.
Се пренесува со кашлање и кивање или близок контакт со некој што е заразен, а во тешки случаи може да биде и смртоносен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата