Свет
16. September 2017 - 15:10

ОН: Повеќе од 400.000 припадници на народот Рохиња пребегале во Бангладеш

Повеќе од 400.000 припадници на народот Рохиња, кои од западната држава Ракања на Мјанмар се веќе се пребегани во Бангладеш, соопштија денеска Обединетите нации.

Како што пренесува портпаролот на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Џозеф Трипура, проценката е дека од 25 август во Бангладеш се влезени околу 409.000 бегалци Рохиња.

Насилството во Мјанмар изби на 25 август кога група бунтовници, припадници на народот Рохиња, нападнаа полициски позиции во Мјанмар, а безбедносните сили им возвратија на нападот.

Оттогаш многу села се запалени и стотици лица се погинати, повеќето муслимани на народот Рохиња.