Потврдени 25 нови случаи на Делта сојот во Грција
На 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, седмичен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг.
Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи (81,7 отсто од вкупниот број мутации), потоа е Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет (од кои два нови), Гама со два случаи и еден случај на Капа.
Од 54-те случаи на Делта мутацијата, првпат откриена во Индија, повеќе од половина, односно 30 се во градот Ираклио на островот Крит, а од кои 14 се поврзани по проверката на контактите на веќе познат случај.
Останатите 24 позитивни случаи се во различни делови на Грција: осум во поширокиот регион на Атина, пет во Солун, четири на островот Лезбос, два на островот Парос и по еден на Халкидки, во Коринт, во областите Евија и Ахаија и на атинскиот аеродром.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари