Балкан
19. March 2020 - 21:37

Потврден нов случај на носител на коронавирусот во Косово, заразени вкупно 21 лице

Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) објави дека вечерва е регистриран 21-от случај на заразен од смртоносниот вирус Ковид-19 во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лицето од градот Липљан, 46-годишен маж, државјанин на Косово, чии анализи се позитивни на коронавирусот, допатувал во земјата од Германија на 11 март, се вели во соопштението на ИКШПК.

Дваесетипрвиот случај на носител на смртоносниот вирус е првиот официјално потврден во Косово во последните повеќе од 24 часа.

ИКШПК информира дека во текот на денешниот ден во неговата лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани над 20 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени со Ковид-19 и единствен кој резултирал позитивен е мажот од Липљан.