Бизарно но вистинито
8. January 2016 - 14:02

Потрошила 70.000 евра на операции, ќе се шокирате кога ќе ги видите нејзините фотографии!

Трансродна личност од Италија, Фулвија Пелегрино (родена како Фулвијо), потрошила речиси 70.000 евра на пластични операции во обид да дојде до совршено женско тело.
 
Фулвија 40 години ја криела желбата дека сака да го промени полот, а до сега имала операции за зголемување на усните, четири операции на градите, две липосукции итн.
 
Интересно е што Фулвија во својата промена имала целосна подршка од својата жена Мариса. Фулвија исто така потрошила над 10.000 евра на зголемување на задникот, и не планира да престане со операциите.
 
Мариса признава дека додека стои покрај својот сопруг повеќе личат на две сестри отколку на брачен пар.
 
- Не сум среќна со изгледот на своето тело, бидејќи тоа не е совршено, Совршено е нешто друго, изјавила Фулвија. Фулвија на 15 години сфатила дека сака да го промени полот, но стравувала од своето строго и религиозно семејство.
 
- Живеев со своето семејство кое е полно со предрасуди и многу релегиозно. Никогаш не ја изразив желбата за промена на полот, бидејќи тоа не беше возможно. Мојот татко имаше три сина и само тоа го сакаше - изјавила Фулвија.
 
Таа своите чуства ги криела и кога ја запознала сегашната сопруга Мариса пред 32 години. Набрзо по венчањето, Фулвија почнала да посетува геј клубови и во тајност да се облекува како женско.
 
- Се чуствував како заробена во своето тело. Се криев во гаражата каде се облекував и ставав шминка како жена. Никогаш не ја покажував оваа страна бидејчи се срамев од истата.
 
Фулвија пред 16 години признала на Мариса дека сака да го промени полот.
 
- Нормално, Мариса незнаеше што да прави на почетокот, тоа не е нешто што лесно може да се прифати. Денес јас и Мариса сме само две сестри ништо повеќе. Живееме заедно, се расправаме како нормални личности, а не како маж и жена - додава Фулвија.
 
Родителите на Фулвија не ја прифатиле оваа промена, а кога нејзиниот татко починал, не и дозволиле да присуствува на погребот. Оваа трансродна личност единствено ја прифатиле нејзините браќа. Целиот град ја исмејува а и пријателите ја одбегнуваат.
 
За да ги плати скапите операции, Фулвија ги продала автомобилот, куќата и оружјето.
 
- Не би успеала во ништо од ова да не е Мариса, таа е секогаш тука за мене, завршила Фулвија.