Потресна исповед: „Одлучував кој од моите синови ќе преживее, а кој ќе умре“
Лиан Ронгхуа 51-годишна мајка од Кина, се соочила со најтешката задача: да одлучи кој од нејзините двајца синови ќе умре, а кој ќе преживее.
Нејзините двајца синови патат од уремија, или бубрежна слабост која доведува до колапс на бубрезите. Но, само еден од нив можел да добие орган од својата мајка. Татко им пати од висок крвен притисок и не може да донира.
-Не знам зошто и двата мои синови се болни, вели таа низ солзи.
Тешката одлука паднала на грб на поголемиот син, кој одлучил неговиот брат да го земе бубрегот на мајка им.
Ли Хаикинг (26) решил дека неговиот помал брат, Хаисонг (24), ќе го добие бубрегот на нивната мајка.
-Сакав да му го дадам бубрегот на мојот брат, бидејќи е помлад и има поголема шанса да се опорави, вели Хаикинг.
Хаикинг бил принуден да се откаже од своите студии на медицина поради болеста.
-Секако дека се надевам дека ќе добијам бубрег пред да биде предоцна. Но, ако не дојде до тоа, морам да се држам до дијализата, додава тој.
Но, неговите шанси за трансплантација се минимални – Кина пати од огромен дефицит на органи од донатори.
Еден од најголемите проблеми со кои се соочува владата е убедувањето на јавноста да донира. Многу Кинези веруваат дека телото е свето и треба да биде закопано со сите делови, како начин да се покаже почит кон нивните предци.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање