Македонија
23. October 2020 - 12:45

Потребна е професионализација на факултетските библиотеки

Факултетските библиотеки потребно е да ја добијат вистинската позиција, велат од Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола. Оваа установа е придружна членка на битолскиот универзитет, додека на факултетите функционираат 12 факултетски библиотеки со збирки на научна литература. Покрај автоматизација на овие библиотеки, исто како универзитетската, потребна е и професионализација на кадарот.

-Поголемиот дел од тие библиотекари библиотекарите имаат договор на дело, или не на системот препознаени како работно место. Досега библиотекарите во универзитетот, обично беа професорите кои останувата без часови, некако како по казна одеа во библиотека, ние тоа сакаме да го промениме. Јавноста да сфати дека библиотекароте се тие кои се носители на промените во општеството, носители на она што значи квалитетно студирање, зашто ако не ги користите електронските извори, традиционалните извори, студирањето е со помал квалитет отколку во регионот и во светот, изјави Јелена Петровска, програмски раководител во НУУБ, „Св.Климент Охридски“ Битола.

Токму периодичниот материјал од библиотеките е она што им е најпотребно на средношколците, студентите и професорите за изработка на нивните трудови.

-Научните публикации се навистина битни за научните работници, во факултетските установи, но и за средношколците и студентите кои го користат овој материјал бидејќи како еден сегмент од тие научни трудови можат да го искористат во нашите публикации кои секојдневно им се на пристап, изјави Лидија Мирчевска, каталогизатор на периодични публикации.

Се надеваат дека државата ќе обезбеди средства за професионализација на кадарот, но и дека оваа иницијатива ќе има добар прием кај битолскиот универзитет, а за таа цел беше одржан и првиот Стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки.