Бизнис
20. December 2019 - 8:34

Потпишување договори за проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“

Во Министерство за финансии денеска ќе бидат потпишани договори за проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“.

На настанот е најавено обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, директорката за инфраструктура на ЕБОР, Сузан Горансон, директорот на сектор на ЕИБ за кредитирање во Словенија, Хрватска и Западен Балкан, Матео Ривелини  и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски