Македонија
18. November 2015 - 10:50

Потпишување договор за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов денеска ќе потпишат договор со Европската банка за обнова и развој за финансирање на изградба на експресниот пат Штип – Радовиш.

Вредноста на проектот изнесува 64 милиони евра. Со овој проект ќе се опфати пат во должина од 39 километри. Ќе се реконструираат и прошират патиштата кај клучката Три Чешми, подделницата од Штип до село Софилари и клучката од Бучим/Дамјан до клучката Радовиш, додека од село Софилари до клучката Бучим/Дамјан ќе се изгради целосно нова траса во должина од 21 километар.