-->
-->
Потпишана спогодба за основање на вториот локален економско-социјален совет во Велес
-->
Во Општина Велес денеска градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров и останати надлежни претставници потпишаа спогодба за основање на вториот локален економско-социјален совет.
Проектот финансиран од ЕУ, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот (МОТ) има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог преку три меѓусебно поврзани компоненти.
Како што изјави за медиумите Живко Митревски, претседател на ССМ,со потпишувањето на спогодбата се продолжува социјалниот дијалог и е институционализиран социјален дијалог на локално ниво.
- Потпишувањето на спогодбата ќе значи преку локалниот економско-социјален совет да дојде до унапредување на социјално економската сфера на Општина Велес, која ќе може да ги креира сопствената политика на потребите на пазарот на трудот, во делот на утврдување на потребите на образованието, кое е поврзано со потребите од соодветни работни места, промоција во делот на нови вработувања на млади лица. Воедно преку него ќе се креираат и еколошки политики и други потреби за работиците и граѓаните,потенцира Митревски.
Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија,појасни дека проблемите во општината не може да ги решава само локалната власт, туку, тоа мора да го прави со невладините организаци, со граѓанското општество, со бизнис секоторот и со работничките асоцијации односно со синдикатот.
- Само така успешно можеме да ја гладаме иднината и да ги решаваме конфликтите,потенцира Димитров.
Инаку, во рамки на првата компонента се планира основање шест локални економско-социјални совети- ЛЕСС, преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП не возат, а тоа создава сообраќаен хаос
-
Собраниска седница со пратенички прашања
-
Агелер: Постојано се разгледуваат нови имиња за црната листа на САД
-
Граѓанските организации бараат државата да не крати средства од превентивните програми
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николовски
-
Премиера на тетарска претстава во МНТ
-
Детска заработи парична казна од ДСЗИ - Не е решен проблемот со специјализанти кои дежураат сами