Македонија
13. December 2016 - 12:36

Потпишан договор за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпиша договорот со Министерството за финансии за ИПА-грант во висина од 16 милиони денари, за компонентата „ИПА инвестициски грантови“, финансирана од Европската Унија во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги.

Вкупниот износ на проектот e 315.607 евра и ќе биде кофинансиран од националниот буџет во износ од 65.000 евра и од  буџетот на општина Кочани со 55.607 евра. Со грантот од  ЕУ во износ од 195.000 евра Општина Кочани ќе се реализира првиот дел од проектот „Изградба на локален пат - улица ‘Гоце Делчев‘ за поврзување на с. Оризари со регионален пат и со градот Кочани“.

- Грантот што го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и за подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани. Oпштината планира доизградба на улицата „Гоце Делчев“ во Оризари во должина од 742 емтри  и ширина на коловозот од 7 метри и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 метри. Со  завршувањето на овој дел ќе се добие една целина што ќе овозможи подобра сообраќајна врска и целосно решавање на левата кејска улица на Оризарска Река – соопшти градоначалникот Ратко Димитровски.

По асвалтирањето на две улици во Оризари во должина од 300 метри, изградбата на оваа сообраќајница ќе биде од особена важност за населбата Оризари, бидејки ќе го поврзува ова населено место со регионалниот патен правец од Кочани кон Виница.