Македонија
29. December 2015 - 15:16

Потпишан договор: Битола ќе добие топлификација!

Остварено уште едно ветување на Владата на Република Македонија со потпишување на меѓувладиниот договор со Германија и финансискиот договор со KFW, со што се обезбедени 39 милиони евра, од вкупно 46,5 милиони евра кои што се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и Могила.

Останатите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

-Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори. Еве сега таа идеја со овие договори станува реализација. Битола со овие финансиски средства ќше добие топлификација, изјави по потпишувањето на договорот министерот за финансии Зоран Ставрески.

Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола преку изградба на систем за топлинска енергија.

Освен домаќинствата за Битола предвидено е е во мрежата да се приклучат и 35 јавни објекти од општината.

toplifikacija-bt3

-Најголемата придобивка е елиминирањето на повеќе извори на загадување на животната средина. Значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во јавните објекти и во домаќинствата. Со тоа ќе се намали и загадувањето на општината, појасни Ставрески.

Средствата се добиени со фиксна стапка која денеска се фиксира на само 1,5%. Тоа е најниска каматна стапка која што било кога била одобрена за инфраструктурен  проект во Македонија и претстува заштеда од над 3 милиони евра. Рокот на отплата е 15 години со 4 години грејс период.

-Голема чест е за мене што денеска сум дел од оваа церемонија  за потпишување на договор за првиот систем за централно греење во вториот по големина град во Македонија, Битола. Овој проект е маркер на нашата плодна соработка со македонската Влада, а поради многу добрата соработка со нашите партнери од ЕЛЕМ и со голема поддршка од Министерството за финансии денеска го потпишавме меѓувладиниот договор како и договор за финансии кој достигнува 39 милини евра за реализација на овој многу важен проект за Битола, појасни заменик амбасадорот на Германија Ханс Халге Сендер.

toplifika-bt4

Со овој проект се реализираат неколку цели: намалување на емисијата на стакленички гасови и други штетни супстанции, подобрување на воздухот во Битола и околината. Со тоа што ќе се заменат значителни количини на горивата кои во моментов се користат за греење како што се нафтата и огревното дрво.

Поголема ефикасност на целокупната работа на РЕК Битола преку искористување на постоечката пареа за греење на канцеларии и домаќинства. Замена на електричната енергија која што во моментов се користи за греење, со ново централно греење со што на РЕК Битола ќе и се остави поголемо количество на електрична енергија да се дистрибуира во цела Македонија.

Подобрување на комоцијата на граѓаните  и подобрување на нивните економски и социјални услови преку почист воздух и потопли работи места.

toplifikacija-bt2

-ЕЛЕМ ќе го спроведе овој проект во период од 4 години. KFW ќе ја исплати сумата од 39 милиони евра директно на компанијата изведувач, која што ќе биде избрана преку меѓународен тендер. Парите ќе бидат исплатени на рати и ќе бидат рефундирани на компанијата изведувач за трошоците кои што ги направиле и тоа ретроактивно. Пари воопшто нема да се исплаќаат однапред, а проектот ќе биде под надзор на меѓународен технички консултант, појасни Сендер.

Тој истакна дека германската Влада и KFW ќе продолжат со блиската соработка со македонската Влада.

-Обезбедувањето на термалната енергија за греење води кон поголема разновидност за видовите на енергија кои што се користат за греење како и за подора ефикасност термоцентралата во Битола а исто така придонесува и кон поголема енергетска ефикасност во Македонија. Покрај тоа ќе бидат креирани нови работни места во ЕЛЕМ но и вработувања за градежните компании, рече генералниот директор на KFW Рајнен Суенен.

toplifikacija-bt1

Сеуенен упати благодарност до Владата, министерството за финансии и до ЕЛЕМ благодарност за одличната соработка и посака успешна имплементација на овој проект.

Во изминативе години ЕЛЕМ и банката заедно реализираа два капитални објекти во вкупна инвестициска вредност од 92,1 милион евра.

-Тоа е изградбата на првиот ветерен парк Богданци и ревитализацијата на хидроелектраните-втора фаза. Доколку работите на терен се одвиваат според предвидената динамика се очекува граѓаните на Битола да добијат топлинска енергија за грејната сезона 2018-2019 година, појасни Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.

Бошковски, изрази огромно задоволство од досегашната соработка со KFW банка.