Свет
6. August 2019 - 13:43

Потона брод во Конго, десетици лица загинаа

Најмалку 12 лица загинаа во бродска несреќа во централната провинција Касаи во Конго, а уште 50 се сметаат за мртви, изјави за ДПА Дјудон Пиеме, гувернер на Касаи.

– Сметаме дека сите исчезнати се мртви, изјави денеска гувернерот, додавајќи дека бродот потонал во реката Лукенје во петокот.

Еден локален свештеник рече дека бродот што се движел кон главниот град Киншаса бил преполн, што е редовна причина за несреќи на реките во Конго.