Свет
17. September 2019 - 13:58

Потона брод со мигранти близу Тунис

Најмалку две лица се удавија, деветмина се спасени, а 14 се сметаат за исчезнати кога близу брегот на Тунис потона чамец кој превезувал мигранти, соопшти претставник на крајбрежната стража.

Чамецот потонал на околу 10 километри од брегот, во близина на градот Сфака.

Сите мигранти во чамецот биле од Тунис.