Џет-Сет
21. July 2016 - 14:52

Постара е од него 11 години: Вељко во врска со познатата водителка?

Младиот Вељко Ражнатовиќ наводно има нова девојка, а во прашање е познатата водителка Софија Рајовиќ, која од него е постара 11 години.

Софија и Вељко се сретнале на еден белградски сплав, каде цело време се гушкале, смешкале и шепкале еден на друг на уво.

-Софија , штом се појави на сплавот, искусно му пријде на младиот Ражнатовиќ, па од позади грб го фати за половина, додека тој воопшто не се спротивставуви. Напротив, ја зграби посилно и не ја испушти од рака. Сите присутни приметија дека тие двајца се однесуваа како пар, а додека на сплавот се нижеа хитови со народна музика, на нивното сепаре пристигнуваа нови тури, а тие само наздравуваа. Иако други девојки се залепија околу масата на Вељко, тој гледаше само во Софија, која видно уживаше во неговото внимание, раскажува извор кој таа вечер се нашол на сплавот.