Свет
30. November 2016 - 19:05

Последните зборови на пилотот пред да се сруши авионот

Контрола, имаме проблем со моторот и губиме контрола…Ова биле последните зборови на пилотот кој побара принудно слетување, за авионот кој вчера се урна.

-Во ред е, имате дозвола за слетување, бил последниот одговор до авионот кој летал во Колумбија, со 82 патници, меѓу кои фудбалери и 9 члена на екипажот.
 
Се слушаме ли? Имате дозвола, ме слушате ли…била пораката на која никој не добил одговор.
 
По ова ужас и шок го преплавија целиот свет, згаснаа многу животи, а само шестмина се спасија.