Македонија
6. December 2016 - 16:12

Последни анкети: Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ во сите шест изборни единици: ВМРО-ДПМНЕ - 28,1% , СДСМ - 15%

28.1 процент за ВМРО – ДПМНЕ, 15 за СДСМ, ваков резултат од изборите на 11 декември предвидува анкетата на Институтот Димитрија Чуповски. 5,7 отсто од анкетираните одговориле дека својот глас ќе го дадат за ДУИ; 3,9 за БЕСА; 2,2 за ДПА, 1,8 би гласале за Алијанса на Aлбанците, додека по 1,5 процент од анкетираните одговориле дека својот глас би го дале за Левица и Коалицијата ВМРО за Македонија. Во истата анкета 30 отсто од анкетираните рекле дека нема да гласаат за ниту една од партиите додека 10,3 отсто не знаеле или немале одговор на прашањето.

Телефонската анкета на 1150 испитаници била спроведена во периодот помеѓу 01 и 03 декември на целата територија на државата, а резултатите според иснтитутот подлежат на статистчка грешка од +/- 2 проценти. 

Во вториот дел од истражувањето на јавното мислење Институтот Павел Шатев ги презентира резултатите по изборни едеиници.

Во четвртата изборна единица, каде се води директна битка помеѓу лидерите на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, резултатите од анкетата покажуваат убедлива победа за Груевски. 36,1 отсто од испитаниците одговориле дека ќе го дадат гласот за лидерот на Коалицијата за подобра Македонија,. додека 22,3 проценти од анкетираните би гласале за Заев.

Убедливо водство на ВМРО – ДПМНЕ анкетата на Институтот Павел Шатев предвидува и во тертата изборна единица. За Илија Димовски би гласале 38,6 отсто о дгражаните додека 18,6 или 20 процентни поени помалку би го дале својот гласа за Љупчо Николовски како носител на листата од коалицијата предводена од СДСМ.

Според истата анкета Колаицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води во сите изборни единици споредено со коалицијата на СДСМ. Во ИЕ 1 за Никола Поповски својот глас одговориле дека ќе го дадат 25,8 проценти од анкетираните, а за Стево Пендаровски 19,4. 26,1 процент од анкетираните во втората изборна единица би го дале својот гласа за Никола Тодоров, додека 14,7 би гласале за Оливер Спасовски од СДСМ.

Во петата изборна единица анкетата на Институтот Павел Шатев прогнозира победа на Антонијо Милошоски со освоени 29,3 наспорти Радмила Шекеринска која би освоила 18,2 проценти од гласовите.

Во шетата изборна единица, 10,4 проценти од анкетираните одговориле дека својот глас би го дале за Владимир Ѓорчев, додека за носителот на листата на СДСМ Петре Шилегов би гласале само 4 отсто од граѓаните.

Анкетата на институтот Павел Шатев прогнозира победа со 27,8 проценти на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ на ниво на сите шест изборни единици, нсапорти коалицијата на СДСМ која би освоила 16,2 проценти од гласовите.

Телефонската анкета на институтот Павел Шатев е спроведена во периодот помеѓу 30 ноември и 2 декември на 1090 испитаници за да се утврдат перцепциите на македонските граѓани.