Ракомет
23. March 2017 - 17:15

Последна рунда во ракометната Супер лига

 
 
 
 Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во терминот од 20 часот, а во кој екипата Еурофарм Работник е апсолутен фаворит во дуелот против Работнички, ќе започне последното коло од машка ракометна Супер лига на Македонија. 
 
Последното 18.коло нема да смени ништо кога во прашање е пласманот на екипите во раздигувањето за шампионскиот трофеј. 
 
Веќе се познати четирите тима кои заедно со бранителот на трофејот Вардар и екипата на Металург ќе разигруваат за титулата, а тоа се Охрид, Борец и двете битолски екипи, Пелистер и Еурофарм Работник. 
 
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре и во сабота, а двојките се: Пелистер - Вардар Јуниор, Пролет - ГРК Борец (петок од 18 часот), Радовиш – Охрид и 19.00 Прилеп - Металург 2 (сабота од 19 часот). 
 
Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 37, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург-2  18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.