Loading Video...
Спорт плус
7. September 2019 - 16:18

Последна контрола за македонските одбојкари пред дебито на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Виена против селекцијата на Австрија ќе ја има последната контрола пред дебитантскиот настап на Европското првенство во Словенија. 
 
Ова ќе биде воедно и вториот контролен меч меѓу овие две селекции, откако вчерашниот прв нашите одбојкари го добија во три сета со идентични 25-23. 
 
По вечерашниот меч, македонските одбојкари заминуваат за Словенија каде ќе ги одработат и завршните подготовки, пред официјалното деби и мечот со  Финска закажан за 12 септември.