„Посланието на Александар Македонски до Словените“ поместено во „Чешката хроника“ од 1541

Фамозното средновековно „послание на Александар Македонски до Словените“ е пронајдено и во „Чешката хроника“ на познатиот чешки просветител Вацлав Хаек од 1541 година, пишува порталот „Суене“.
Се работи за напис за кој, со извесни варијации, отстапувања и измени, повеќе хроничари од словенските средновековни земји велат дека е препис на тестаментот на Александар Македонски - „покорувачот на кралстватаперсиски, грчки, сириски и вавилонски“.
Според порталот, има повеќе верзии на текстот, кој се наоѓа во повеќе средновековни извори. Но, за сите нив е заедничко тоа што, македонските кралеви Александар и Филип му се обраќаат на својот „просветен венетски (словенски) народ“, оставајќи им ги во наследство „земјите помеѓу Јадранското Море и Северниот Океан“.
Ова писание е поместено и во книгите на дубровчанецот Мавро Орбин, Полјаците Марцин Бјелски, Бартош Папроцки и други словенски средновековни историчари.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
