-->
-->
Поскапувања во Грција, овие производи се со нови цени
-->
Од денеска во Грција се применува новото зголемување на ДДВ од 13 на 23 отсто, што предизвика поскапување на повеќе производи и услуги.
Во продавниците во Грција од денеска поскапи се некои видови месо, маслото за готвење, кафето, чајот, какаото, оцетот, солта, цвеќето, ѓубривата, дрвата за огрев, пестицидите, хигиенски влошки и кондомите.
Новите даноци ги погодија и услугите во рестораните и кафулињата, погребните услуги, такси превозот, траектите, дополнителните училишта и училиштата за странски јазици.
По три недели пауза, од денеска почнаа со работа и банките, но дневниот лимит за повлекување готовина од банкомати останува 60 евра. Сепак, Владата соопшти дека од недела лимитот ќе изнесува 420 евра неделно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО