Поштенска марка со мотиви од Охрид и Санкт Петербург

Пуштена е во употреба заедничка поштенска марка на Македонска пошта и Федералното претпријатие „Марка“ од Русија, со мотиви на Охрид и Санкт Петербург.
„Македонска пошта“ денеска соопшти дека издавањето заеднички поштенски марки за промоција и развој на туризмот ќе продолжи и во иднина. Следна иницијатива ќе биде печатење заедничка поштенска марка со Поштата на Јапонија, активност која е подржана и од Амбасадата на Република Македонија во Јапонија.
- Македонска пошта продолжува со промовирање заеднички поштенски марки со други поштенски управи, кои стануваат баран филателистички производ помеѓу колекционерите на меѓународниот филателистички пазар, се вели во соопштението.
Првата заедничка поштенска марка беше издадена по повод 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, помеѓу „Македонска пошта“, Пошта Албанија и Пошта Косово. Минатата година „Македонска пошта“ издаде заедничка поштенска марки со Пошта Косово, чија цел е прмоција на планинскиот туризам, со мотиви од Попова Шапка и Брезовица.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
