Loading Video...
Кошарка
23. July 2020 - 19:14

Посебно место за Наумоски на сајтот на Евролигата

Македонија во својата кошаркарска историја успеа да и даде на европската кошарка неколку ѕвезди. Сепак посебно место во книгата “Сто и една легенда на Евролигата“ има легендарниот Петар Наумоски. 
Авторот  на книгата Владимир Станковиќ во својата книга ја претстави целата кариера на Наумоски како посебно заслужен за успехот на турската кошарка во елитната Евролига.  Книгата Сто и една легенда е издадена пред две години но денеска Наумоски е главна ѕвезда на сајтот на Евролигата која го објави интегралниот дел за популарниот Пеце. 
Многу убави работи се напишани за поранешниот прв човек на македонската кошарка од родниот Прилеп преку Работнички каде дебитираше со 16 години па за настапите во Југопластика и се разбира легендарниот статус во Турскиот Ефес Пилсен каде Наумоски го разбуди европскиот сон и подоцна успешно ја продолжи кариерата  во Италија. 
Наумоски имаше и забележителни настапи во македонската репрезентација.  Новинарот Станковиќ живее и работи во Барселона.