Свет
24. November 2015 - 10:41

Посебни безбедносни мерки за самитот Брдо-Бриони во Загреб

Хрватска презеде посебни мерки за безбедност за самитот на регионалната иницијатива Брдо-Бриони, на кој ќе присуствуваат претседателите на државите од некогашна СФРЈ, американскиот потпретседател Џозеф Бајден, како и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Во прилог на ова зборува и помалку необичното информирање кое ги збунило станарите на една зграда во Велика Горица бидеји ги повика од утринава, па се до утре во 20 часот да мора да ги затворат сите прозорци на нивната зграда, освен оние што гледаат на внатрешниот двор.

„Почитувани станари, од полициската станица добив наредба да ги информирам станарите на зградат на улица „Јурја Добрила“  34-40 дека од 24 ноември утрината во 8 часот, па до 25 ноември во 20 часот сите прозорци, освен кон дворот, да мора да бидат затворени. Ролетните мораат да бидат спуштени до крајот, нема ѕиркање низ прозорците, облеката не смее да се суши на терасите, нема сликања, снимања, нити гледање со двоглед. Затоа, убаво Ве замалувам овие два дена строго да се приддржувате до предупредувањата за да нема никакви проблеми со полицијата“, се наведува во информацијата, што ја пренесе загрепскиот Индех.хр.

Причината за оваа информација, како што се наведува, е фактот дека утре во Загреб ќе се оддржи самит на регионалната иницијатива Брдо-Бриони која ги собира земјите настанати од распадот на поранешна Југославија и Албанија, пренесе независниот хрватски поргал вгданас.

Според најавите, во Загреб доаѓа и австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Загрепчани очекуваат да видат снајперисти на покривите од зградите, но и специјалци на секоја од главните крстосници во градот. Шахтите ќе бидат заварени, а легнатите полицајци отстранети. Денеска од 20 часот полицијата ќе го затвори целиот сообраќај на дилницата од патот по кој ќе се  движи персоналот на американската амбасада и американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Нема да биде можно било какво запирање или паркирање, а сите возила ќе бидат остранети од улиците. Се дознава и дека две улици ќе бидат во целост затворени, а останатите ќе се отвораат откако колоната возила ќе мине.

Посетата на американскиот потпретседател на Загреб доаѓа во ризично најбезбедниот момент, а поради терористичките  напади во Париз максимална ризичност за посетата на Бајден има и во Сараево . Безбедносните служни тесно соработуваат со американските колеги кои многу добро знаат дека на 20, 25 километри од границата со Хрватска постојат три вехабиски населби кои во целост се изолирани од остатокот на светот и во кои се живее според чудни и радикални правила.

Безбедносните служби, исто така, знаат дека во последните два месеца во БиХ се вратиле 50 борци од Сирија, а заради сето тоа под надзор се наоѓаат поголем број лица.

Во Загреб доаѓаат 15 странски делегации, сите со свое обезбедување, но и со свои барања. Полицијата најави дека денеска ќе ја информира јавноста за преземените мерки. Не треба да се очекува да се каже времето на доаѓање на американскиот потпретседател или да се открие рутата по која тој ќе се движи, но граѓаните сигурно ќе бидат информирани кои  алтернативни правци можат да  ги користат за да избегнат поголеми турканици во сообраќајот што се очекуваат во блокираниот град.