Македонија
17. јуни 2016 - 16:23

Посебен сообраќаен режим за задушница кон гробиштата

Поради задушница утре во СКопје ќе се вози по посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје информираат граѓаните до градските гробишта во Бутел ќе треба да одат преку булеварот Александар Урдаски лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по улицата покрај пазарот до паркингот на гробиштата. Поради високите температури и вообичаените гужви се препорачува сите да се придржуваат до правилата. Овој режим во градот ќе важи од 7 часот изутрина па се додека има поголема фреквенција на возила во овој дел од СКопје. За излез возачите ќе треба да се движат по улица Боца Иванова  до кружниот тек.

Полицијата и денеска го регулираше сообраќајот во Бутел, а така ќе биде и во недела. Гужва е и околу тезгите на кои се продаваат цвеќиња и свеќи. Надлежните ќе преземаат соодветни мерки и кај гробиштата во Ѓорче Петров и Камник за нормално одвивање на сообраќајот. Православните верници утре одбележуваат задушница. Како и секоја година така и оваа празникот е неработен ден и секогаш е  во сабота. Верниците вообичаено за задушница одат да ги посетат вечните почивалишта на блиските роднини и пријатели каде се прават редици возила и луѓе. Во недела пак се слави Духови.  Овој ден е ееден од најрадосните и најголеми христијански празници кога се слави слегувањето на светиот Дух врз апостолите. На 19ти во недела голем број верници ги посетуваат  православните храмови каде со палење свеќа го одбележуваат педесеттиот ден од христовото Воскресение.