Живот
15. October 2018 - 22:42

Посадата на авионот заспа на подот на аеродромот: Сликата од Малага крие ужасна приказна

На интернет се појави слика на која се гледа како посадата на еден авион на Рајанер спие на подот на аеродром.

Ова е перфроманс кој го изведоа шест членови на посадата во знак на протест за треманот кој го доживеале на аеродромот во Малага.

Тие се дел од групата од осум пилоти и 16 стјуардеси кои биле сместени во една соба со 8 столици без храна и пијалок.

На аеродромот слетале по полноќ зошто биле пренасочени од Порто поради доаѓањето на ураганот Лесли. Во споменатата соба завршиле зошто само таа била отклучена. Откриени се дури утротоо кога дошла свежа посада да ги замени,

Како што од Рајанер им рекле на синдикатите, компанијата не можела да најде сместување за персоналот зошто сите хотели биле зафатени. Дури во 11.30 часот наредниот ден со карго авион се префрлени во Порто, без трошка сон и одмор. Дури и во авионот чекале 3 часа зошто пилот за тој тип авион морало да дојде од Лондон.

Синдикатите тврдат дека било можно да се најде хотел за сместување на персоналот дури и ако бил малку подалеку од градот.

Компанијата изјави дека сликата е наместена и дека посадата не спиела на подот туку само мал дел времето го поминале во собата додека не го отвориле ВИП салонот.