Македонија
2. јуни 2020 - 11:44

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакна дека оди во самоизолација по средбата која ја имала со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која вчера информираше дека е позитивна на новиот коронвирус.

-По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден. На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје – напиша Кузеска на својот фејсбук-профил.